10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОН речиси едногласно го осуди американското ембарго на Куба

ОН речиси едногласно го осуди американското ембарго на Куба

embargo

Резолуцијата на Обединетите нации со која се осудува американското ембарго кон Куна доби мнозинска поддршка во Генералното собрание на ОН, а против гласаа единствено САД и Израел.

Оваа е 24-та година по ред како 193-членото Генералното собрание на ОН одобрува резолуција со која се осудува трговското, економското и финансиското ембарго кон Куба.

На денешното гласање, најголем број на држави досега гласаа против ембарго на, вкупно 191, пренесе агенцијата АП.

Одлуката е дочекана со аплауз, а дипломатите станаа од местата и исходот од гласањето го прогласија со овации.

Американското ембарго кон Куба е воведено во 1960 година, како контрамерка за национализацијата на американскиот имот на комунистичкото острово.

Куба проценува дека нејзината економија поради ембаргото претрпела штета од 121 милијарди долари.

По обновувањето на дипломатските односи со Куба во јули, администрацијата на американскиот претседател Барак Обама изрази поддршка за укинување на ембаргото, но одлуката лежи во конгресот, каде републиканското мнозинство се противи на ваков потег.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП