9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата под 48 долари, во фокусот прекумерно снабдување

Цената на нафтата под 48 долари, во фокусот прекумерно снабдување

Oil Barrels with Red Arrow

Цената на нафтата се спушти на светските берзи под 48 долари, под притисок од прекумерно снабдување во пресрет на објавата на податоци за американските залихи.

На лондонската берза цената на барелот падна 30 цени во однос на претходното затворање и изнесуваше 47,24 долари, а на американскиот пазар со барелот се тргува по 55 центи пониска цена, од 43,34 долари.

Пазарот и натаму го мачи прекумерното снабдување, при што фокусот беше пренасочен на новите неделни извештаи за американските залихи. Се очекува најновите податоци на Американскиот институт за нафта (API) и на американската влада повторно да покажува раст на залихите на сирова нафта за три милиони барели, како и прекумерна понуда на деривати.

„Се очекува фокусот на нафтените пазари да биде пренасочен на вишокот на нафтени деривати“, сметаат аналитичарите на Jefferies, напоменувајќи дека шпекулациите со натамошен пад на цената дополнително ја намалува профитабилноста на рафинериите во услови на намалување на побарувачката.

Од Goldman Sachs во понеделникот појаснија дека и покрај очекуваниот пад на залихите на деривати во САД акцентот се пренасочува на рекордно високата искористеност на магацинските капацитети во САД и Европа.

Дополнително цената беше притисната и од веста дека лидерите во американскиот Конгрес ќе предложат продавање на 58 милиони барели нафта од државните резерви за потребите за финансирање на буџетскиот дефицит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП