10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовторно најтргувана e акцијата на „Комерцијална банка“

Повторно најтргувана e акцијата на „Комерцијална банка“

mak berza2222

Како и во понеделникот, и денеска на Македонската берза со акцијата на „Комерцијална Банка“ АД Скопје беше реализиран најголем промет.

Вкупно 37,14 отсто, или 2.082.613,00 денари од прометот беше реализиран благодарение на 1.123 истргувани акции на КМБ по просечна цена од 1.854,51 денар, што претставува пораст од 0,23 отсто.

Втора акција по остварен промет е „Алкалоид“ АД Скопје со вкупно 253 истргувани акции по просечна цена од 5.051,16 денари.

Вкупниот промет на Македонска берза за хартии од вредност во вторникот изнесуваше 5.607.184,68 денари при што беа реализирани вкупно 59 трансакции.

Обврзниците имаа скромен придонес во вкупниот промет со учество од 4,64 проценти.

Двата индекса го завршија денот со пад на вредноста. Индексот МБИ-10 се намали за 0,56 отсто и изнесуваше 1.679,60 поени, додека, пак, ОМБ се намали за 0,47 проценти и изнесуваше 127,22 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП