19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПадот на цената на нафтата ги снижи приходите и добивката на BP...

Падот на цената на нафтата ги снижи приходите и добивката на BP за 40 отсто

bp oman

Британскиот нафтен гигант BP во вторникот извести дека во третиот квартал оствари 40 отсто помала добивка во однос на истиот период лани и најави натамошно намалување на капиталните инвестиции поради ниската цена на нафтата.

Темелната добивка на BP во третиот квартал изнесуваше 1,8 милијарди долари, што е за 1,2 милијарди помалку во однос на лани. Сепак, ова е над очекувањата на аналитичарите, кои проценуваа дека добивката нема да надмине 1,2 милијарди долари.

Вкупните приходи на компанијата паднале за 49 отсто, на 55,9 милијарди долари.

Цената на нафтата падна во третиот квартал под 50 долари за барел поради зголеменото производство на нафта од шкрилци во САД и помалата побарувачка, делумно поради забавување на кинеското производство.

Компанијата исто така објави дека вкупниот трошок од излевањето на нафта во Мексиканскиот залив во 2010 година, на платформата Deepwater Horizon, ќе достигне 55 милијарди долари, што е повеќе од претходната проценка.

Претходно во овој месец компанијата објави дека прифатила да плати 20 милијарди долари во постапки за нагодба во САД.

Поради ниската цена на нафтата, BP го снижи планираниот годишен износ на капитални инвестиции по трет пат во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП