7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКинески Cosco планира редовна рута преку Арктикот до Европа

Кинески Cosco планира редовна рута преку Арктикот до Европа

cosco

Најголемата кинеска бродска компанија Cosco има намера да воведе редовна линија преку Арктичкиот океан кон Европа и со тоа да ги искористи новите сообраќајни можности што ги отвори глобалното затоплување.

„Имаме намера во иднина да отвориме редовна линија и за тоа расправаме“, рече во понеделник портпаролот на филијалата Cosco Container Lines, без да прецизира кога тоа би се случило.

Нејзината изјава се надоврза на извештајот на официјалната новинска агенција Синхуа од понеделник, во кој кинеските експерти и функционери ја нарекоа оваа линија „златен пловен пат“ за трговија. Cosco објави соопштение во кое наведува дека „ќе продолжи да работи на нормализација на работењето во арктичкиот североисточен премин“.

„Глобалното затоплување и забрзаното топење на мразот на Арктикот овозможија летни патувања низ североисточниот и северозападниот премин во Арктикот, а комерцијалниот развој и прашањата на заштита на околината константно го привлекуваат вниманието на меѓународната заедница“, порачуваат од Cosco.

Трговскиот брод на кинескиот државен индустриски гигант само во два наврата мина низ ’Североисточниот премин’, и тоа во 2013 година и овој месец, известија државните медиумите. Според пишувањето на агенцијата Синхуа, овој месец бродот Yong Sheng го заврши 44 дневното патување од Кина до Европа преку ова рута.

Европската унија(ЕУ) е најголем трговски партнер на Кина, а патот преку Арктикот ќе го намали времето на испорака за дури девет дена во однос на рутата преку Индискиот океан, истакнуваа своевремено кинеските медиуми.

Кина не граничи со Арктикот и нема територијални претензии кон та територија, но пред две години се придружи на Арктичкиот совет како посматрач.

Според толкувањето на другите посматрачи, Пекинг го препознал потенцијалот на тоа подрачје за научни истражувања, како и неговото стратешко значење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП