26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските фармери многу загубија поради неучеството на рускиот пазар

Европските фармери многу загубија поради неучеството на рускиот пазар

zemjodelski proizvodi

Европските фармери многу загубија поради неучеството на рускиот пазар по изреченото ембарго од страна на Москва во 2014-та година врз земјоделските стоки произведени на Стариот континент.

Тоа го коментира д-р Тревор Донелан од институтот „RERC“, Ирска, на конференцијата „Аграрната економија во поддршка на земјоделството“, организирана од Институтот за аграрна економија.

„Се повеќе луѓе се прашуваат: кога ова ембарго ќе биде поништено, дали пазарот ќе ја поврати својата вредност? Дури по падот на ембаргото, трговијата меѓу ЕУ и Русија нема да се врати на претходните нивоа“, изјави економистот.

Според него треба да се претпостави дека дел од европскиот извоз за Русија веќе е конечно изгубен.

Донелан смета дека во иднина треба да се прошири на пазарите во поголема мера, за да не зависат европските производители толку многу од рускиот пазар или од пазарот на некоја друга држава.

Ембаргото влијае со 4% од целиот извоз на земјоделски производи на ЕУ и досега земјоделците изгубиле околу 5 милијарди евра, посочи тој.

Донелан истакна уште дека во почетокот на декември Европската комисија ќе организира форум на кој ќе се разговара за развојот на цените, дали цената на нафтата ќе го достигне повторно нивото од 100 долари, што го гледаме во минатото, колку долго ќе потрае ова, како и темата за економскиот раст во Кина.

Ситуацијата во Кина е важна за земјоделците, бидејќи претстои земјата да донесе одлука дали зголемената побарувачка на месо и млеко ќе се задоволи со сопствено производство, што е важно кога станува збор за очекуваниот увоз на добиточна храна, или пак овие производи ќе се увезуваат, кои исто така се од значење за европските земјоделци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП