1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена невработеноста во Франција

Намалена невработеноста во Франција

pariz6

Невработеноста во Франција во септември на месечно ниво е намалена за 0,7 проценти, на најниското ниво од април оваа година.

Истовремено невработеноста меѓу младите во септември се намалила на најниското ниво од август 2012 година, соопшти Министерството за труд во Париз.

Бројот на невработени од категоријата А (без никакви активности) минатиот месец се намалил за 0,7 проценти, односно за 23,800 на 3.547.800 лица.

Вклучувајќи ги категориите Б и Ц (лица кои обавуваат скратени активности) во септември бројот на невработени од категориите А, Б и Ц бил на стабилно ниво и достигнал 5.422.700 лица.

На годишно ниво, бројот на невработени од категоријата А пораснал на 3,1 проценти, односно 5,8 проценти вклучувајќи ги и Б и Ц категориите, пренесува АФП.

Бројот на млади под 25 години кои се без работа во септември на месечно ниво е намален за 2,6 проценти што е на нивото од август 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП