21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонференција: Предуслов за успешен бизнис се високите етички вредности

Конференција: Предуслов за успешен бизнис се високите етички вредности

eti;ki

Предуслов за постигнување најдобра практика и успешен бизнис модел се втемелените високи етички и естетски начела, порачаа учесниците на овогодишната меѓународна правна конференција „Управување со правни ризици“ што се одржува во вторник во Скопје во организација на Академик.

На големиот меѓународен настан, во присуство на бројни учесници од земјата и регионот, говорат реномирани светски адвокати, универзитетски професори, експерти и претставници од бизнис секторот.

„Не можеме да развиваме успешни деловни модели ако тие не се етички. Не можеме да достигнеме високи стандарди во професијата ако тие не се унифицирани на начин прифатлив за нашите клиенти или потрошувачи“, беше истакнато на почетокот на меѓународната Конференција.

Адвокатот Георги Димитров, истакнувајќи го значењето на правната етика како суштински домен за вршење на правничката професија, во својот воведен говор рече дека од особена важност е што на Конференцијата ќе се говори и за тоа како различните општествено-економски движења влијаат врз правниците и како да се предвидат правните ризици.

Во таа насока, поаѓајќи од премисата дека континуираното образование е еден од највисоките приоритети на секој професионалец, на Конференцијата од страна на предавачите беа споделени значајни знаења и искуства во едукативна и професионална смисла, потоа бројни мислења, методологии, и концепти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП