7 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСЗО официјално: Сланината, виршлите, паштетите и останатите месни преработки предизвикуваат рак

СЗО официјално: Сланината, виршлите, паштетите и останатите месни преработки предизвикуваат рак

Meso-mesar-salama-kobasica-620x350

Експертите од СЗО соопштија денес дека месните преработки, а тоа се сите намирници кои го поминале процесот на солење и хемиска преработка можат да предизвикаат рак на цревата кај луѓето, но и рак на панкреасот и простатата.

Светската здравствена организација (СЗО) и официјално ги класифицираше месните преработки на листата со производи кои предизвикуваат рак. На таа листа, која е означена како листа 1 или црна листа, се наоѓаат и цигарите, азбестот и дизел испарувањето.

Експертите на СЗО соопштија денес и прецизираа дека месните преработки, а тоа се намирници кои го поминале процесот на соленизација и хемиска преработка, можат да предизвикаат рак на цревата кај луѓето. Тие предупредуваат дека само 50 гр месни преработки дневно – што е помалку од две кришки сланина, го зголемуваат ризикот за развој на карцином на дебелото црево за 18 проценти.

Агенцијата за истражување на ракот (ИАРЦ), која е дел од СЗО го класифицираше обработеното месо, како виршли и шукна, во првата група, заедно со цигарите, азбестот и дизелските гасови, за кои постојат „доволно докази“ дека можат да предизвикаат рак.

За поединецот ризикот од рак на цревата поради консумирање на обработено месо е мал, но ризикот расте со количината на консумираното месо – соопшти д-р. Курт Штрајф, шеф на истражувачката програма на Агенцијата за истражување на ракот (ИАРЦ), која работи под покровителство на СЗО, пренесува Ројтерс.

Meso-mesar-klanica-suvo-meso

Истражувањето на ИАРЦ ја откри врската меѓу колоректалниот карционом и консумирањето на месни преработки, но се спомнува и можноста за врска со ракот на панкреасот и простатата.

Од друга страна, црвеното месо, во кое спаѓаат говедското, јагнешкото и свинското, се класифицирани во „веројатни“ предизвикувачи на рак од групата 2А, во која се наоѓа и глифосат, активна состојка на многу хербициди. Тоа остана надвор од црната листа, а ставено е на листата 2, поради оценката дека нема доволно докази дека е канцерогено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП