3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропејците се полесно пронаоѓаат работа

Европејците се полесно пронаоѓаат работа

evropejci

18,6 проценти (4,1 милион лица) од Европската унија кои биле невработени пронашле работа, соопшти Европскиот завод за статистика Еуростат.

Од сите лица во ЕУ кои во првиот овогодишен квартал биле невработени, 64,6 проценти (14,2 милиони) останале невработени, додека 18,6 проценти (4,1 милион лица) пронашле работа, соопшти Еуростат.

Од лицата кои во првиот квартал биле вработени, 97,1 проценти (167,9 милиони) останале во работен однос, додека 1,3 проценти (2,2 милиони) останале без работа, вели Еуростат.

Во Данска работа пронашле 38,4 проценти од луѓето кои во првиот квартал биле невработени, а следи Шведска со 29,6 проценти и Естонија со 29,2 проценти, наведува Еуростат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП