21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканските корпоративни гиганти укинаа 200.000 работни места

Американските корпоративни гиганти укинаа 200.000 работни места

time warner 330

Заради забавување на растот на светската економија, ниските цени на сировините и високиот курс на доларот, најголемите американски компании укинаа во третото тромесечје повеќе од 200.000 работни места, а најавуваат и нови отпуштања бидејќи ниту во следната година не очекуваат подобрување на работните услови.

Во првите три недели на октомври 165 американски компании навеле во проценките за идните економски резултат дека се загрижени заради забавувањето на растот на светската економија. Во истиот лански период тоа го навеле 108 компании, а година дена претходно 97, покажуваат податоците на Thomson Reuters.

Изминатите две недели од сезоната на објава на квартални бизнис резултати на американските компании покажуваат дека нивната добивка би можела да падне за првпат од глобалната финансиска криза во 2009-та година.

Во анкетата на Reuters аналитичарите проценуваат дека добивката на компаниите од системот S&P 500 индексот, во третото тромесечје паднала за 2,8 отсто во однос на истиот период лани. Се очекува, исто така, пад на приходите на компаниите и тоа за повеќе од три отсто на годишно ниво.

Тоа е последица на високиот курс на доларот, што негативно влијае врз приходите на американските компании во странство и ја намалува конкурентноста на нивните производи на светските пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП