Турскотo одморалиште Анталија во оваа година загуби 5 милијарди долари поради одливот на туристи од Русија.
Во сезоната која измина, руските туристи во Анталија биле за 25% помалку во споредба со 2014-та година. Причина е девалвацијата на рубљата, поради што реалните приходи на Русите се намалија речиси за половина. Во 8-те месеци за одмор во 2015-та година, Анталија била посетена од 2.170.000 Руси, што е за 617.000 помалку во споредба со 2014-та година, кои во 2013-та година беа уште повеќе – 3.500.000. Загубите на Анталија се проценуваат на 50%, бидејќи во последните години половина од туристите, како одеа таму, се токму од Русија.
Општо земено, во оваа година туризмот во Турција се очекува да претрпи загуби од речиси 10 милијарди долари.
„Во последните 25 години, туризмот во Турција доживеа процут. Но економските проблеми во Русија ни се одразија негативно. Друга главна причина за одливот на туристи е проблемот со гарантирањето на нивната безбедноста заради последиците од „Арапската пролет“ и поконкретно од кризата во Сирија“, забележува Осман Ајек, претседател на федерацијата на турските хотелиери.