19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВнимателно по автопатот Гостивар-Тетово се крпат ударните дупки

Внимателно по автопатот Гостивар-Тетово се крпат ударните дупки

avtopat1234_201477131634

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

И во вторник поради снимање на францускиот филм „A Fond”, ќе биде затворен дел од автопатот А1, поточно делницата Градско до Неготино, во периодот од 05:00 до 18:00 часот.

За потребите на снимањето на филмот во среда ќе биде затворена делницата од мотел Македонија до Градско. Сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат со соодветна сигнализација.

Поради изведување на градежни работи (крпење на ударни дупки) на автопатот А2, од наплатната Гостивар до наплатната Тетово, во вторник, се препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП