15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДел од улицата „Кемал Сејфула“ затворена за сообраќај

Дел од улицата „Кемал Сејфула“ затворена за сообраќај

кемал-сејфула

Градот Скопје ги информира граѓаните дека екипите на ЈП „Улици и патишта“, во вторник и во среда, 27 и 28 октомври 2015 година, ќе изведуваат градежни работи за асфалтирање на дел од улицата „Кемал Сејфула“, на потегот од крстосницата со улицата „Ферид Бајрам“ до крстосницата со улицата „Босна и Херцеговина“.

Поради тоа, оваа делница од улицата „Кемал Сејфула“ ќе биде затворена за сообраќај.

Градот Скопје апелира до граѓаните да го почитуваат привремено воведениот сообраќаен режим на овој дел од улицата „Кемал Сејфула“, да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот и при своето движење да ги користат околните улици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП