12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBundesbank: Темелниот економски тренд во Германија и натаму е многу силен

Bundesbank: Темелниот економски тренд во Германија и натаму е многу силен

bundesbank-feb

Темелниот тренд на растот на германската економија во третиот квартал повторно беше многу силен, иако можеби не е динамичен како во претходните тромесечја, оцени во понеделникот германската централна банка.

„Нагорниот тренд на вкупната економска активност во Германија продолжува и во третиот квартал“, констатира Bundesbank во месечниот преглед за состојбата на најголемата економија на еврозоната.

Од централната банка сепак признаа дека економскиот раст во третиот квартал можеби нема да испадне динамичен како во претходните две тромесечја.

Германскиот бруто домашен производ (БДП) во првиот квартал е зголемен за 0,3 отсто,а во вториот за 0,4 отсто.

„Темелниот економски тренд сепак останува многу силен“, тврдат во централната банка укажувајќи на поволната клима меѓу потрошувачите.

Во извештајот се наведува јакнењето на вработеноста и позитивните ефекти од растот на платите и пониските цени на енергијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП