9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМБИ10 намален за 0,36 отсто

МБИ10 намален за 0,36 отсто

mak berza

Индексот МБИ10 се намали денеска на македонската берза за 0,36, отсто и изнесуваше 1.689,06 поени, додека, пак, индексот за обврзници ОМБ ја зголеми својата вредност за 0,86 проценти и изнесуваше 127,82 поени, се наведува во извештајот за корисниците на Службата за услуги со хартии од вредност на „НЛБ Тутунска банка“.

Со промет во износ од 2.727.824,53 денари, и вкупно 28 реализирани трансакции e заврши денешниот трговски ден на Македонска берза за хартии од вредност.

Најголем промет оствари обврзницата од 13-та емисија (RMDEN13), во износ од 958.994,87 денари по просечна цена од 94м90 отсто.

Кај акциите, најмногу се тргуваше со акциите на „Комерцијална банка АД Скопје“ при што беше остварен промет од 808.600,00 денари по просечна цена од 1.850,34 денари.

Денеска најголем пораст оствари обврзницата за денационализација од 9-тата емисија (+2.34 отсто), додека ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово ја предводи листата на губитници со пад од 22.33 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП