9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата под 48 долари, магацините речиси полни

Цената на нафтата под 48 долари, магацините речиси полни

nafta 02

Цената на нафтата се стабилизираше во понеделникот на светските берзи под ниво од 48 долари, под притисок од загриженоста поради речици пополнетите магацински капацитети, кои дополнително го нагласуваат проблемот за прекумерното снабдување.

На лондонскиот пазар цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 47,69 долари. Позначителни промени во цената нема ниту на американскиот пазар, каде со барелот се тргува по 44,35 долари.

Складиштата за нафтени деривати речиси се пополнети, па вишокот на испораки со дизел и млазни горива се паркираат пред европските пристаништа. Од советодавната компанија Energy Aspects пресметаа дека залихите во третиот квартал пораснале за 600 илјади барели дневно.

„Иако нашите пресметки за деривати наведуваат на заклучок дека залихите нема во целост да ги пополнат магацинските капацитети, податоците на компанија Energy Aspects се мошне прецизни, а и ризикот е голем, што значи дека трендот на пад на цената на сировата нафта во договорите за испорака на краток рок би можел да продолжи да паѓа до крајот на пролетта“, истакнуваат аналитичарите Goldman Sachs.

Извршниот директор на Меѓународната агенција за енергетика (IEA) Фатих Бирол предупреди во понеделникот дека поради ниските цени на нафтата инвестициите во нафтениот сектор повторно ќе се намалат во следната година, откако оваа година падна за петина.

„Доколку прогнозата се покажа точна, инвестициите прв пат за две децении ќе бележат пад втора година по ред“, нагласи Бирол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП