21 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонечно и А3 во седан верзија

Конечно и А3 во седан верзија

sedan

Германскиот производител на автомобили, Ауди имаше интернет презентација на првата лимузина во историјата на моделот А3. Во оваа пригода беше претставен стандардниот А3 Седан, како и неговата посилна верзија С3.

Новата компактна лимузина е долга 4.46 метри, широка 1.80 метри и висока 1.42 метри, додека меѓуосовинското растојание изнесува 2.64 метри и во однос на класичниот А3 е поголем за само 4 милиметри.

sedan1

Со овој потег Ауди сака на своите клиенти да им понуди уште една лимузина која е во гамата позиционирана под моделот А4.

Ауди А3 Седан нема да има на располагање многу повеќе простор за патниците во кабината, но неговиот багажник ќе биде со запремнина од 425 литри, многу повеќе од моделот А3 Спортбек.

sedan2

Од фабриката во Инголштад обликот на каросеријата ја опишуваат како комбинација на класичната лимузина и филозофијата на купе.

Дизајнот на предниот дел на автомобилот е типичен за најновата генерација на А3. Карактеристични светлосни групи се идентични со фаровите на хечбекот, а двете верзии се разликуваат во малку редизајнираните отвори за воздух во долниот дел на браникот.

sedan3

Задниот дел на лимузината има интегриран спојлер на крајот од поклопецот на багажникот, препознатливи ЛЕД стоп-светла и двојни цефки за издув.

На купувачите ќе им бидат достапни истите нивоа на опрема како и кај моделот А3 Спортбек, а меѓу останатото тука и новиот модуларен мултимедијален систем кој содржи „MMI Navigation Plus“, хард диск од 64 GB, DVD плеер, можност за користење на гласовни команди и седуминчен екран со висока резолуција.

sedan4

На почетокот на располагање ќе бидат два бензински и еден дизел мотори. Основниот 1.4 литарски TFSI ќе развива 140 ks и ќе има систем за деактивизација на два цилиндри поради заштедата на гориво. Според податоците од производителот на оваа верзија ќе и овозможи просечна комбинирана потрошувачка од 4,7 l/100 km со емисија на CO2 од 109 g/km.

Со овој мотор А3 Седан ќе забрзува од 0 до 100 km/h за 8.4 секунди и може да ги достигне максималните 217 km/h.

sedan5

Посилниот 1.8 литарски бензински мотор испорачува 180 ks, што му овозможува на автомобилот од место до „стотка“ да дојде за 7.3 секунди и максимална брзина од 235 km/h.

Ауди А3 Седан со 2.0 литарскиот TDI мотор произведува 150 ks и 320 Nm максимален вртежен момент е најекономичниот од сите три верзии со просечна потрошувачка од 4,1 l/100 km и емисија од 107 g/km на CO2. Да ја достигне брзината од 100 km/h потребно му е 8.7 секунди, додека максималната брзина му е 220 km/h.

sedan6

Во зависност од видот на моторот во понудата се достапни шестостепен рачен менувач или автоматски С-троник со двојно квачило.

Покрај стандардната верзија Ауди го претстави и спортскиот С3 Седан. Придвижуван со 2.0 литарски бензински TFSI мотор кој произведува 300 ks и 380 Nm, овој автомобил од 0 до 100 km/h стигнува за 4.9 секунди во верзијата со С-троник менувач или за 5.3 кога е во прашање рачниот менувач. Максималната брзина фабрички е ограничена на 250 km/h.

Седан верзиите на А3 во продажните салони ќе пристигнат кон крајот на летото, а почетната цена во Германија за 1.4 TFSI моделот ќе изнесува околу 25.000 евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП