9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина продолжува да увезува гас од Русија

Украина продолжува да увезува гас од Русија

gas 535

Украина увезе над 1,4 милијарди кубни метри руски гас, откако неодамна одлучи повторно да купува гас од Русија.

„Украина на 24-ти октомври увезе 1,7 милијарди кубен метар природен гас за своите потрошувачи, при што над 80 отсто, односно 1,4 милијарди кубни метри се испорачани од Руската Федерација“, изјави портпаролот на Укртрансгас, Максим Бељавски.

Тој додаде дека преостанатите количина на гас биле испорачани од држави членки на Европската унија и тоа од Словачка, Полска и Унгарија.

Претходно украинската државна гасна компанија Нафтогас му уплати 370 милиони долари на руски Гаспром како аванс за испораките во рамки на договорот вреден 500 милиони долари.

Според украинскиот министер за енергетика и рударство, Владимир Демчишин, Украина ќе го заврши планираното купување на 2,2 милијарди кубни метри гас од Русија до крајот на месецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП