9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе влошува бизнис климата во Германија, но побавно од очекуваното

Се влошува бизнис климата во Германија, но побавно од очекуваното

ger industri

Бизнис климата во Германија се влошила во октомври, но во помала мера од очекувањата, покажува индексот на минхенскиот Институт за економски истражувања „Ifo“.

Нејзината вредност се намалува од 108,5 поени во септември до 108,2 поени во октомври, а компаниите во автомобилската индустрија остануваат необеспокоени покрај скандалот со „Volkswagen“, забележува „MarketWatch“.

Нивото на индексот овој месец е најниско од јули наваму. Економисти анкетирани од „Wall Street Journal“, прогнозираа ниво од 107,8 поени.

„Скандалот со „Volkswagen“ очигледно нема влијание врз германската автомобилска индустрија, бидејќи ставовите во секторот се подобрија уште повеќе во октомври“, вели претседателот на „Ifo“, Ханс-Вернер Зин.

Истражувањето покажува дека германските компании генерално стануваат незадоволни од сегашната ситуација, но пак се оптимисти за иднината, иако забави економскиот раст во Кина и во другите економии во развој.

„Германската економија се покажа исклучително издржлива во предвид на низата предизвици кои се случија оваа есен“, објаснува Зин.

Истражувањето на „Ifo“ следува по голем број други разочарувачки макроекономски истражувања кои ги покренаа прашањата за флексибилноста на најголемата економија во еврозоната. Минатиот месец федералната служба за статистика „Destatis“ соопшти за падови во индустриските набавки и во производството во август. Освен тоа, извозот го забележа најостриот пад по речиси седум години.

Во октомври властите во Берлин ја намалија прогнозата за економскиот раст од 1,8 на 1,7% во 2015-та, но ја оставија непроменета таа за следната година (1,8%). Голем број независни економисти, како и Здружението на германските индустриски-трговски комори, сепак се песимисти. Здружението на коморите пример очекува економски раст во 2016-та година од само 1,3%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП