20 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung пушта ултраголем таблет

Samsung пушта ултраголем таблет

sa tab 33

Пазарот на ултраголеми таблети се зголемува и по претставувањето на гигантскиот таблет од „Alcatel“ – „OneTouch Xess,“ а на пат да претстават сличен се и од „Samsung“.

Според информациите кои се појавија на интернет, спецификацијаиоткриваат сите карактеристики на новиот 18,4-инчен таблет „Samsung Galaxy View“. Големиот екран е со „FHD“- резолуција и заситеноста од 120 точки по инч.

Тој е придвижуван од процесорот на Samsung – Exynos 7580 со фреквенција од 1,6 GHz. Оперативната меморија е 2 GB, а внатрешната – 32 GB, која може да се прошири со картиќка до 128 GB. Предната камера е 2,1 мегапикселна со можност да снима во Full HD-формат, што недостасува задна камера.

Батеријата во таблетот е со капацитет од 5.700 mAh што според производителот ќе осигурува до осум и пол часа употреба. Цената на уредот се очекува да биде околу 599 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП