9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајновиот начин да станеш милионер - YouTube

Најновиот начин да станеш милионер – YouTube

mil youtube

За прв пат во историјата на изданието „Forbes“ беше објавена листата на најдобро платените ѕвезди на „YouTube“.

Според рангирањето, десет канали се далеку пред конкуренцијата. Тие заработуваат минимум 2,5 милиони долари годишно. Иако милионерите од „YouTube“ се карактеризираат со различни тематски клипови, тие наликуваат во една карактеристика- речиси сите се на возраст под 30 години.

Нема причина поради која можеме да се чудиме на парите кои младите луѓе од целиот свет ги заработуваат на „YouTube“. Во моментов медиумот е најмногу користен извор за гледање на видео содржини.

Musicians at work singing & recording

Мишел Фан, блогер на тема „убавина“, вели за „Forbes“: „Мислев дека штом „YouTube“ ќе стане светска телевизија во иднина, треба таму да си изградам бренд. Во првата недела 40.000 луѓе го гледаа видеото на мојот блог, добив илјадници коментари и почувствував дека нешто ќе се промени“.

Меѓу личностите како Фан се уште комичарите Бени и Рафи Фајн, видео гејмерот ​​Феликс Кјелбер (кој прави по 12 милиони годишно, со едноставно коментирање додека игра видео игри) и многу други луѓе кои прават сопствени видеа.

Girl (8-9) using tablet pc on sofa

Кога станува збор за правење на пари директно од „YouTube“, повеќето од нив доаѓаат од рекламирање. Но многу од ѕвездите-милионери ја користат онлајн славата, за „нуркање длабоко“ во бизнис сферата. Некои продаваат книги, други имаат производни линии, а трети пласираат на пазарот рап сингли.

За овие млади луѓе (како што рековме, повеќето се на возраст под 30 години), најважно е дека имале идеја и ја реализира. Сега тие се милионери. А ние? Ние им гледаме клиповите!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП