11 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЖенскиот хор Рустико прв во Европа

Женскиот хор Рустико прв во Европа

hor-rustiko

Женскиот хор од Аеродром „Рустико“, под уметничко раководство на маестро Запро Запров, го освои првото место во фолклорната категорија за женски хорови на меѓународниот натпреварувачки хорски фестивал „Ин канто сул гарда“.

Фестивалот по единаесетти пат се одржа во малото живописно гратче, Рива дел Гарда на северниот брег од езерото Гарда, во Италија.

Скопскиот хор првото место го освои во конкуренција на хорови од Норвешка, Шведска, Данска, Италија и други европски држави.

Во фолклорната категорија беа изведени дела од македонски автори како „Дафино вино црвено“, „Селска свита“ и „Кољо гидија“.

Деновиве на својата веб-страница реномираниот меѓународен хорски фестивал „Лауреа мунди Будапест“ ја објави веста дека женскиот хор „Рустико“ е номиниран за директно учество во големото финале наредната година што е привилегија и чест резервирана за најдобрите светски хорови кои се карактеризираат со високо уметничко ниво и со постигнати исклучителни резултати на меѓународните хорски натпревари и фестивали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП