Американскиот технолошки концерн „Microsoft“ потврди во рамките на својот тримесечен извештај дека бројот на отпуштањата е значително зголемен. Компанијата признава за „некои дополнителни отпуштања“, а „New York Times“ пишуваше за 1000 скратени места – во прилог на 7800-те, кои и онака требаше да отпаднат.
1.000 вработени се помалку од 1 отсто од вкупниот број на соработниците на „Microsofts“. Портпаролот преку електронска пошта појасни дека „отпуштањата на местата влијаат на повеќе од една бизнис област и се одразуваат кон прилагодување кон барањата на бизнис“.
Од различни извори „ZDNet“ дознава дека „Microsoft“ одбил „чувствителен“ број договори со надворешни добавувачи на услуги. Меѓу нив се правни фирми и договори со компании од финансиската сфера.
Споменатите 7800 отпуштања од „Microsoft“ ги спомнаа за прв пат во јули 2015-та година. Тие се однесуваат пред се за поделбата „Windows Phone“, односно поранешниот хардверски бизнис на „Nokia“. Мерките треба да бидат завршени до крајот на календарската 2015-та година.
„New York Times“ ги опишува сегашните кратенки како дел од целокупната стратегија за оптимизирање на „Microsoft“. Тие не биле вклучени во планираните 7800 работни места.
Општо земено „Microsoft“ успеа да оствари во првото фискално тромесечје за 2016-та година вкупно приходи до 20,38 милијарди долари, со 12 отсто помалку од пред една година. Профитот сепак се зголеми за 2% до 4,62 милијарди долари.
Нето добивка достигна 0,67 долари за акција, со што „Microsoft“ ги надмина очекувањата на аналитичарите, кои очекуваа профит од 0,59 долари за акција. Инвеститорите реагираа позитивно и на берзата акциите поскапеа за 6,91% до 51,35 долари, за 1,30 долари над актуелното 52-неделно ниво.