
Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива по суви коловози. Во понеделник поради снимање на францускиот филм „A Fond”, ќе биде затворен дел од автопатот А1, поточно делницата од мотел Македонија до Градско, во периодот од 05:00 до 18:00 часот. Сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат со соодветна сигнализација.

