18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЦената на влезниците за премиерата на ‘Ѕвездени војни’ достигна до 8.000 долари

Цената на влезниците за премиерата на ‘Ѕвездени војни’ достигна до 8.000 долари

црвена-војна

Премиерата на најновиот филм од сагата „Ѕвездени војни“ (Star Wars) предизвика голема возбуда не само меѓу поклониците на оваа фантастична франшиза, туку и меѓу оние кои сакаат да профитираат од овој настан, што го покажуваат и податоците од интернет во САД дека цената на влезницата за првата проекција закажана за 17-ти декември, кај некои препродавачи достигнала до 8.000 долари.

За посочената сума корисниците од најпопуларниот американски сајт за аукциска продажба eBay може да купат влезница за проекцијата во Орландо, во сојузната држава Флорида. Друг препродавач, пак, нуди за 10.000 долари четири билети за проекција во град во државата Масачусетс, кои минатата седмица ги купил за по 75 долари од влезница. На другиот популарен сајт за онлајн продажба Сraigslist, се нудат билети за 750 долари за парче.

Еден до продавачите во понудата наведува дека за таа цена „си ја купувате единствената шанса да бидете првиот гледач на оваа потресна премиера. Затоа овие пари – се ништо“. Меѓу онлајн продавачите е и една американска мајка којашто вели дека „за секој случај купила влезници за цел ред (во едно њујоршко кино), бидејќи не знаев колку другарчиња на премиерата ќе земе синчето“. Сега таа има шест билети вишок, кои ги продава по 120 долари еден.

Продажбата на билетите за седмата епизода од серијалот „Ѕвездени војни“ почна минатиот понеделник, кога во првите часови беа „бутнати“ главните сајтови за онлајн продажба кои не можеа да го издржат приливот на посетители. Официјалната страница на „Ѕвездени војни“ соопшти дека минатиот понеделник неколкупати бил надминат рекордот на продажба на влезници во еден ден, кој претходно го држеше „Игри на гладот“ (The Hunger Games). Многу кино сали одлучија на дополнителни проекции по премиерата, но и тие веќе се распродадени.

Двеминутниот трејлер за новата епизода на „Ѕвездените војни“ кој беше објавен на 20-ти октомври, на ресурсот YouTube забележа повеќе од 40 милиони прегледувања.

Според тоа, се очекува дека седмото продолжение со голема веројатност ќе го постави рекордот на благајните последните години, станувајќи едно од најпрофитабилните во историјата на филмската индустрија. Според аналитичарите, „Star Wars: The Force Awakens“ може да оствари до 2 милијарди долари приход на кино благајните ширум светот.

Досега, инаку, најголема заработувачка во историјата се „Аватар“, кој на своите творци во 2009 година им донесе заработка од 2,8 милијарди долари, на второто место е „Титаник“ со 2,2 милијарди заработени од дистрибуцијата во 1997 година, а на трето место е современата верзија на „Светот Јура“ кој годинава заработи 1,7 милијарди долари.

Новиот филм од серијалот „Ѕвездени војни“, премиерно ќе биде прикажан на 18-ти декември 2015. Дејствието на седмото продолжение се одвива 30 години по настаните од шестиот дел. Во фокусот на приказната ќе бидат ликовите од оригиналната трилогија, Лук Скајворер, принцезата Леа и Хан Соло, како и нови херои.

Терминот непосредно пред католички Божик е најдобриот празничен термин, но тоа претставува отстапување од досегашните датуми за почнување на проекциите на „Ѕвездените војни“. Сите досегашните филмови во дистрибуцијата тргнуваа во мај, а епизодата од 1999 година, заедно со нејзината 3Д верзија од 2012-та заработи 1 милијарда долари

Сагата „Војна на ѕвездите“ стана најпопуларниот научнофантастичен еп во филмската историја. Нејзините фанови низ светот се обединуваат во клубови, организираат игри, па дури и го исповедаат и ткн „џедаизам“. Насловот „Star Wars“ беше употребен и за програмата на американската одбрана SDI, а фразата „Империја на злото“ првпат ја употреби поранешниот американски претседател Роналд Реган за сметка на тогашниот Советски сојуз.

Првиот филм беше снимен во 1977 година („Нова Надеж“ – Star Wars: Episode IV – A New Hope), вториот датира од 1980 година („Империјата го возвраќа ударот“ – Star Wars: Episode V – The Empire Strikes Back), третиот филм беше снимен во 1983 година („Враќање на џедајот – Star Wars: Episode VI – Return of the Jedi). Епизоди трилогии-сиквели се појавија во 1999, 2002 и 2005 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП