3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P: Јапонија треба да ги зголеми даночните приходи

S&P: Јапонија треба да ги зголеми даночните приходи

tokio 330

Јапонија треба планирано да ги зголеми даноците за да ги зголеми приходите на државата и да го намали големиот долг, посочува рејтинг агенција „Standard & Poor’s“.

Ослободувањето на некои прехранбени производи од зголемувањето на даноците, планирано за 2017-та година, може да е позитивен чекор, бидејќи ќе ги направи повисоките даноци поприфатливи за населението, смета Кименг Тан, главен директор за Азиско-пацифичкиот регион.

Во исто време ослободувањето од даноци ќе е административен трошок за компаниите и владата, бидејќи треба да се утврди кои објекти да бидат ослободени од даноци и да се создаде систем во кој да има неколку даночни стапки, посочи Тан.

„Важниот момент е дека треба даноците да носат приходи, кои ќе го намалат нивото на долгот. Ослободувањето на некои објекти од даноци не е невообичаено, но секој пат кога нешто ќе биде ослободено, станува поскапо да се исполни замислата“, изјави Тан.

Потсетуваме дека минатиот месец „S&P“ го намали кредитниот рејтинг на Јапонија од „AA-“ до „A +“, што е четири нивоа под највисокиот рејтинг „AAA“, поради сомневањата дека управувањето на владата ќе ја влоши економската состојба на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП