21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватскиот јавен долг прв пат намален на квартално ниво

Хрватскиот јавен долг прв пат намален на квартално ниво

dolg hrvatska222

Хрватскиот јавен долг во вториот квартал од оваа година изнесувал 85,7 проценти од бруто домашниот производ (БДП), што е за четири процентни поени или 15,1 милијарди куни (1,97 милијарди евра) повеќе во споредба со истиот период минатата година.

Со ваков пораст на долгот Хрватска се класифицира меѓу членките на Европската унија со највисок раст на уделот на јавниот долг во БДП на годишно ниво, објави Еуростат.

Пред Хрватска се само Бугарија, со раст од 8,1 процентен поен и Австрија со раст на долгот со 4,2 процентни поени.

На квартално ниво, сепак, јавниот долг на Хрватска прв пат се намали од 2012 година, и тоа за два процентни поени, бидејќи на крајот на март изнесуваше 87,7 проценти.

Јавниот долг на Хрватска во вториот квартал изнесувал 283 милијарди куни (37 милијарди евра), што е за 5,5 милијарди куни помалку отколку на крајот на првиот квартал.

„Падот на јавниот долг на квартално ниво не е изненадување, бидејќи во јуни државата врати дел од кредитот. Но, во јули издаде нови обврзници во куни, па во третиот квартал се очекува раст на долгот“, изјави економистот Ален Ковач.

Тој, исто така, очекува дека јавниот долг ќе продолжи да расте до крајот на годината и дека ќе се приближи до нивото од 90 проценти од БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП