12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија од денеска започнува со протерување на економските имигранти

Германија од денеска започнува со протерување на економските имигранти

begalci germanija

Германија, новиот построг закон за азил, кој предвидува и полесно протерување на лицата на коишто им е одбиено барањето за политички азил, ќе почне да го применува уште оваа сабота иако беше предвидено законот да стапи на сила на 1-ви ноември.

„Сојузните покраини, заеднички со сојузните органи, следните денови ќе започнат со засилено протерување на лицата на коишто им е одбиено барањето за азил во Германија. За таа цел веќе се организирани чартер летови од различни аеродроми во Германија“, рече германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер во петокот најавувајќи од сабота примена на оваа мерка.

Шефот на кабинетот на канцеларката Петер Алтмејер, кој неодамна ја презема координацијата на мерките во справувањето со незапаметената бегалска криза, изјави во разговорот за јавниот сервис ARD дека промената на терминот за построгиот однос во одбивањето на азилантите и економските имигранти е јасен сигнал.

„Ние сакаме, кога станува збор за протерување на оние коишто немаат право да останат во Германија, да бидеме поефикасни и побрзи, и резултатите сакаме да ги видиме уште во текот на годинава“, изјави Алтмејер.

Во германската влада се расправа и за користење на транспортните авиони на германската армија (Бундесверот) со цел да се враќаат лица кои немаат право на престој во земјата.

Еден од најважните елементи на новиот закон за азил е тоа што властите во иднина повеќе нема да ги најавуваат протерувањата, што досега доведуваше до тоа лицата на кои им се заканува протерувањето во моментот на доаѓањето на полицијата да не бидат на пријавените адреси.

Според некои процени, повеќе од 200.000 лица ги очекува прогон од Германија, но големо мнозинство од овие лица според кој службено нивниот статус во Германија „се толерира“ додека не исчезнат причините кои го спречуваат протерувањето. Во големо мнозинство случаи изминатите години протерувањата од хуманитарни причини не се извршуваа во текот на зимските месеци. Локалните власти во германските градови и покраините, годинава ќе се откажат од таквата практика.

Голем број од лицата кои чекаат на протерување доаѓаа од земјите од т.н. западен Балкан. Со новиот законски пакет, сите овие земји, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Србија, како и претходно Македонија се прогласени за земји од сигурно потекло, што овозможува полесно протерување на граѓаните кои доаѓаат од овие земји.

Во моментов и од Турција, но и од други земји од кои доаѓа најголемиот број лица кои немаат право на политички азил, поради усогласување на мерките за враќање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП