8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина повторно ја намали каматната стапка, шести пат за една година

Кина повторно ја намали каматната стапка, шести пат за една година

kina1

Кина вчера повторно ја намали каматната стапка шести пат во последната година, со цел поттикнување на забавениот економски раст.

Централната банка, исто така, го зголеми нивото на расположливите пари на банките за кредитирање, бидејќи го намали коефициентот за задолжителните резерви на банките, пренесува АП.

Банката соопшти дека каматната стапка на едногодишните заеми е намалена за 0,25 процентни поени на 4,35 проценти и дека таа одлука ќе стане правосилна денес. Каматаната стапка на едногодишните банкарски депозити ќе биде намалена со истиот обем, на 1,5 проценти.

Кинеската економија во третиот квартал од тековната година пораснала по најбавната стапка за последните шест години, односно за 6,9 проценти, според неодамна објавените официјални податоци, наведува американската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП