12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEricsson: Профитот послаб од очекуваниот, но поголем од ланскиот

Ericsson: Профитот послаб од очекуваниот, но поголем од ланскиот

ericsson1

Шведскиот гигант „Ericsson“, најголемиот светски производител на опрема за мобилната мрежа, во третиот квартал оваа година забележа профит поголем од ланскиот, но послаб од очекуваниот, што е последица на забавувањето на побарувачката за опрема за мрежи од новата генерација во Кина.

Оперативниот профит во третиот квартал оваа година достигна 5,1 милијарди круни (544 милиони евра) наместо очекуваните 5,4 милијарди круни, додека една година претходно профитот изнесуваше 3,9 милијарди круни.

Приходите на „Ericsson“ опаднаа во третиот квартал оваа година за девет проценти, на 59,2 милијарди круни, додека аналитичарите очекуваа дека ќе изнесува 60,9 милијарди круни, пренесува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП