5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПодобрите економски податоци и ЕЦБ ги поткрепија нафтените пазари

Подобрите економски податоци и ЕЦБ ги поткрепија нафтените пазари

nafta 300

Цените на нафтата се задржаа во петокот на меѓународните пазари над нивото од 48 долари за барел, поткрепени од охрабрувачките економски податоци од САД и оптимизмот во поглед на побарувачката откако Европската централна банка (ЕЦБ) навести дополнителни поттикнувачки мерки.

На лондонскиот пазар цената на барелот остана речиси непроменета во однос на затворањето на тргувањето во четвртокот, и изнесуваше 48,28 долари. Значителна промена во цената немаше ниту на американскиот пазар, каде што со барел сирова нафта се тргуваше по 45,38 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) одвоено објави дека цената на барел нејзина нафта во четвртокот изнесувала 43,44 долари, што значи дека паднала за 23 центи во однос на претходниот трговски ден.

Во фокусот на пазарите беа во четвртокот објавените податоци од САД кои покажаа силно закрепнување на препродажбата на недвижнини во септември и задржување на бројот нови барања за исплата на надоместокот за невработените лица на најниско ниво во последните 42 година. На нив се надоврза и сигналот од челникот на ЕЦБ, Марио Драги, кои по завршувањето на редовната месечна седница навести дека банката во декември би можела да ги разгледува дополнителните монетарни поттикнувања.

„Европските поттикнувачки мерки би можеле да го поттикнат економскиот рас, а со тоа и побарувачката на енергенси“, толкува за Reuters Ханс ван Клеф од банката ABN AMRO. Зборовите на Драги ги подржуваат пазарите, констатира тој, додавајќи дека сепак растот на цените ќе биде ограничен поради посилниот долар кој ја кочи куповната моќ на поседувачите на другите валути, а сот тоа и побарувачката на нафта.

Според Џонатан Барат од „Ayers Alliance“, на пазарите преовладуваше уверувањето дека владите нема да дозволата економскиот раст да ослабе. „Таквите очекувања наведуваат на заклучокот дека поактивниот економски раст бездруго ќе ја подигна побарувачката“, смета Барат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП