11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел сака добри економски односи и со Русија и со Украина

Меркел сака добри економски односи и со Русија и со Украина

meki jan

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека договорот за слободна трговија меѓу Европската унија и Украина не е насочен против Русија, истакнувајќи дека Германија сака добри економски односи и со двете земји истовремено.

Договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Украина ќе стапи на сила од почетокот на следната 2016-та година, иако Русија сака тоа да се одложи.

„Овој договор за слободна трговија не е насочен против Русија. Токму спротивното, сакаме Украина да има добри економски односи со Европската унија, со Германија, но истовремено и со Русија“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на германско-украинската економска конференција во Берлин.

Таа и украинскиот премиер Арсениј Јаценјук потпишаа притоа договор за формирање Германско-украинска трговска комора.

Меркел вели дека Украина може да биде добро место за работа, бидејќи има евтина и добро образована работна сила, и ги повика украинските власти да продолжат да ги спроведуваат економските реформи, за да ја сузбијат корупцијата и да ги поттикнат германските компании да вложуваат во оваа земја.

Украинскиот премиер Арсениј Јаценјук изјави дека последните месеци се појавиле сигнали на позитивна динамика во украинската економија, но и додаде дека е потребна помошта од Германија во спроведувањето на реформите.

Германската канцеларка дополни дека Берлин е подготвен да му помогне на Киев на неговиот пат кон економската стабилност и просперитет. Германија е третиот по големина трговски партнер на Украина, по Русија и Кина. Нивната трговска размена изнесувала во 2014-та година, 5,2 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП