7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветот има нов најбогат човек!

Светот има нов најбогат човек!

zara-1222

Во светот има нов најбогат човек. Неговото име е Амансио Ортега, кој го престигна основачот на „Microsoft“, Бил Гејтс, пренесува „Business Insider“.

Ортега поседува околу 60% од „Inditex“ – компанијата „мајка“ на „Zara“, а според листата на „Forbes“, која го следи во реално време богатството на најбогатите луѓе во светот, поседува 80.2 милијарди долари. Од друга страна, Гејтс останува на втората позиција со 78.1 милијарди долари.

Животот на 79-годишниот Ортега не е секогаш толку лесен. Тој е роден во сиромашно шпанско семејство во 1936-та година, а татко му заработувал одвај 300 пезети месечно. Биографијата на Ортега раскажува дека дел од спомените на Амансио од детството му се поврзани со фактот дека татко му не секогаш можел да обезбедува храна за семејството. Тој дури го напушта училиштето во тинејџерските години за да почне да работи.

Ортега ја отвора првата продавница на „Zara“ во 1975-та година, а денес за сите марки под капата на „Inditex“ работат над 128.000 луѓе.

Според „Forbes“ богатството на Ортега само за последните 24 часа се зголемило за 4 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП