12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален бројот на банкроти во Грција

Намален бројот на банкроти во Грција

grcija9

Бројот на корпоративни банкроти во Грција е намален минатата година за 15,8 проценти во однос на 2013 година, покажаа податоците на Меѓународната советодавна групација ICAP.

Во 2014 година во Грција банкротирале 330 компании во однос на 392 компании од 2013 година, а намалувањето на банкротите од 15,8 проценти е второто по големина во 17-те европски земји во кои е извршена анализата, зад Шпанија, наведува ICAP, пренесува грчкиот весник Катимерини.

Во петте земји на ЕУ кои беа најмногу погодени од финансиската криза, Португалија, Италија, Ирска, Грција и Шпанија, бројот на банкроти минатата година е намален за 5,8 во однос на 2013 година и тоа е првото годишно намалување на бројот на банкроти од појавата на глобалната финансиска криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП