Европската комисија одлучи шест земји членки да ги изведе пред Европскиот суд на правдата поради неуспешната имплементација на европскиот план за спасување на проблематичните банки.
Планот подразбираше банките да се спасат со парите од даночните обврзници.
„ЕК одлучи дека Република Чешка, Луксембург, Холандија, Полска, Романија и Шведска да ги изведе пред Судот на правдата на ЕУ, затоа што не успеаа да ги применат директивите за обновување и спасување на банките (BRRD)“, се наведува во соопштението на Комисијата.
Според т.н. Директива за обновување и спасување на банките, акционерите и кредиторите на проблематичните банки, се првите доколку има потреба, кои мораат да плаќаат пред него да се посегне по парите од даночните обврзници.
На врвот во должничката криза во еврозоната, европските даночни обврзници беа приморани да дадат повеќе милијарди евра за помош на кредиторите, како што се „Комерцбанк“ во Германија, „Банкија“ во Шпанија или „Дексија“ во Белгија.