19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобрата продажба во САД го зголеми профитот на McDonald’s

Добрата продажба во САД го зголеми профитот на McDonald’s

mcdonaldsdkl4309ty54ujyhop45j[ohyj4[6pjhu

Американскиот ланец ресторани за брза храна „McDonald’s“ соопшти вчера дека во третиот квартал евидентирал раст на заработката, главно благодарение на добрите резултати во САД.

Нето профитот во три месеци заклучно со септември пораснал за 22,3 проценти на годишно ниво, на 1,3 милијарди долари, додека приходите истовремено се намалени за 5,3 проценти на 6,6 милијарди долари, пред се поради силниот долар, наведува компанијата, пренесува агенцијата Франс прес.

Продажбата во САД пораснала за 0,9 проценти во третиот квартал, а тој раст, иако мал, е прв квартален скок на продажбата во последните две години. Компанијата добрите резултати ги препишува на лансирањето на новите производи на американскиот пазар.

„McDonald’s“ исто така наведува дека ја поправил позицијата во Кина, во однос на истиот период минатата година, кога избувна скандалот со месото со поминат рок.

Заработката по акција изнесувала 1,40 долари, 12 центи над очекувањата на аналитичарите. Приходите исто така ги надминаа прогнозите, бидејќи аналитичарите проценуваа дека ќе изнесуваат 6,4 милијарди долари. Акциите на компанијата утрово скокнаа за 6,7 проценти на 109,40 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП