18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови работни места ќе ги задржат младите во Македонија

Нови работни места ќе ги задржат младите во Македонија

нови-нови

„Преку создавање нови работни места, Македонија ќе се справи со проблемот на заминување на младите“, е една од пораките кои ги упати Франц Фишлер, претседател на Европскиот клуб „Алпбах“ во рамки на денешната конференција на тема „Младите создаваат подобра Европа“ при одбележување на „Австриско-Македонските Денови“.

„Нашиот клуб овозможува младите од Македонија да учествуваат во Форум, кој се организира секоја година и на тој начин, да се надградат самите себе и да помогнат во создавање подобри услови, подобро општество и европска интеграција на државата. Доколку инвестираме во знаењето на младите, тоа ќе обезбеди многу подобра иднина. Главна причина зошто младите заминуваат е недостастокот на работни места, односно недоволно надворешни инвестиции кои ќе ги задржат во Македонија “, рече Фишлер, кој повеќе од десет години беше европски комесар за земјоделство и рурален развој.

Според Пиштар Љутвиу, претседател на Клубот „Алпбах“,организаторот на конференцијата, во Македонија, ова е еден од начините за продлабочување на пријателството и соработката со Република Австрија.

На втората конференција насловена како „Од образование до кариера: трансфер на добри практики од Австрија во Македонија“, се обрати и министерот за образование, Абдулаќим Адеми.

Аделина Марку од Министерството за надворешни работи, во своето обраќање на конференцијата, говореше за дипломатската академија во рамки на оваа институција и за можностите младите кандидати да се обучуваат надвор и во самото министерство.

Вчера, Клубот го организираше и Австрискиот ден на кариера („Austrian Career Day“), каде австриските компании во Македонија се промовираа пред младите и студентите, ги презентираа своите активности и видот на работна сила што ја регрутираат.

Според Герхард Шлатл, трговско аташе на Република Австрија во Македонија, австриските компании кои се присутни во Македонија сакаат да останат во земјата, но има и други заинтерсирани кои сакаат да дојдат.
„Постои интерес кај австриските компании за Македонија, иако земјата е мал пазар. Сите што размислуваат да инвестираат, претходно, детално ги истражуваат условите“, рече вчера Шлатл на отворањето на „Австриско-Македонските Денови“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП