26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на стапката на невработеност во Шпанија

Пад на стапката на невработеност во Шпанија

shpanijaspanija544454

Стапката на невработеност во Шпанија падна во третиот квартал на 21,18 проценти, што е најниското ниво во последните четири години.

Тоа го покажаа официјалните податоци во Мадрид, укажувајќи на продолжување на закрепнувањето на четвртата по големина економија во еврозоната.

Стапката на невработеност, сепак, и понатака е највисока во еврозоната, по грчката, и претставува најголема причина за загриженост во пресрет на изборите во Шпанија закажани за 20-ти декемвири, пренесува агенцијата Франс прес.

Во три месеци заклучно со септември, во текот на летната туристичка сезона, кога бројни компании ангажираат нови работници, невработеноста беше намалена на 21,18 од 22,37 проценти од претходниот квартал, наведува шпанскиот Завод за статистика.

Бројот на луѓе кои барале работа во третиот квартал е намален за 298,200 на 4,85 милиони и тоа е најниското ниво од вториот квартал на 2011 година, додава Заводот.

Шпанија во 2013 година излезе од рецесијата, која ја потресе економијата, а владата во Мадрид за 2015 година прогнозира економски раст од 3,3 проценти, двојно повеќе во однос на прогнозата за цела еврозона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП