Екипите на ЈП „Улици и патишта“ во деновите од претстојниот викенд (24-ти и 25-ти октомври 2015-та година) ќе изведуваат градежни работи за санација и замена на дилатационата фуга на мостот „Гоце Делчев“ (на страната што води од стоковната куќа „Мост“ кон зградата на Владата).
Поради тоа, на дел од булеварот Гоце Делчев и на мостот „Гоце Делчев“ ќе се постави соодветна патна сигнализација и ќе се воведе привремен сообраќаен режим.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот.