20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПознати финалистите на европскиот AutoBest 2016

Познати финалистите на европскиот AutoBest 2016

goo

Fiat Tipo/Aegea, Honda HR-V, Hyundai Tucson, Mazda CX-3 и Opel/Vauxhall Astra се номинирани за финалисти на европскиот AutoBest 2016. Овие пет автомобили ќе се натпреваруваат за новата награда Best Buy Car of Europe in 2016, односно автомобил со најдобар сооднос на цената и квалитетот во Европа за 2016 година. 26-те члена на жирито ќе ги направат своите финални проценки во следните неколку недели и ќе го дадат својот глас, а победникот ќе биде објавен на 15 декември.

За прв пат AutoBest го публикуваше и новото лого на европските AutoBest 2016 финалисти. Сите 5 производители имаат право да го користат логото во целокупната комуникација и промотивните кампањи до објавувањето на AutoBest 2016 победникот. „Овој нов чекор во нашата стратегија е јасен знак на новата европска димензија на жирито“, објаснува основачот и претседавач на AutoBest организацијата, Дан Варди.

gcc

На 25 и 26 ноември европското AutoBest жири ќе се собере на полигонот NAVAK во близината на Белград за тестирање за 5-те финалисти. „Во AutoBest спроведуваме едни од најрелевантните и комплексни тест-возења во медиумите од областа на автомобилизмот. Во текот на последните неколку години автомобилската индустрија го има забележано високиот квалитет на NAVAK центарот, неговата одлична организација и професионалниот пристап на членовите на жирито“, изјави претседателот на AutoBest жирито Илија Селиктар.

Жирито му ја додели ManBest 2015 награда на Оливие Франсоа за неговата извонредна кариера во Fiat, а подоцна и во Fiat Chrysler Automobiles. Во својство на главен маркетинг директор тој се покажа како еден од најкреативните раководители во индустријата, развивајќи нови маркетинг приоди. „Оливие е ‘крал’ на рекламирањето на двете страни на Атлантикот. Тој ги предводеше креативните тимови на марките на FCA во создавањето на најбараните видео клипови за време на рекордната повеќемилионска гледаност што американскиот Супер Боул ја обезбедува“, коментира Дан Варди, додавајќи: „Еднаш Серџо Маркјоне рече: Многу луѓе ми кажале дека сум луд. Знаеш што? Јас знам некој во компанијата што е уште полуд од мене! Тоа е Оливие!“

gbb

SafetyBest 2015 наградата жирито ја додели на новата Opel Astra за IntelliLux LED Matrix светлата. Оваа технологија е важен напредок во автомобилските системи за осветлување. После деталните тестови извршени од страна на многу од членовите на AutoBest жирито, системот се покажа толку ефикасен што го заслужи прекарот ‘магија’. Opel има голема заслуга за воведувањето на оваа брилијантна технологија во срцето на европската моторизација, компактниот сегмент. Тој е првиот производител што демократизираше врвна технологија во чувствителното подрачје на безбедноста.

На прес-конференцијата одржана во пресрет на салонот IAA во Франкфурт, AutoBest објави дека се зголемува бројот на застапени земји од 15 на 26. Ова е нова фаза во рамките на стратегијата за ново ниво на пристап инаугурирана пред една година. Новите 11 членови на жирито се сите истакнати автори од областа на автомобилизмот чиј глас е почитуван во нивната земја и експерти за автомобилите кои се во можност целосно да ги проценат идните трендови. Тие ги претставуваат Австрија, Белгија, Франција, Ирска, Италија, Холандија, Норвешка, Португалија, Шпанија, Шведска и Велика Британија. AutoBest ја задржува истата филозофија само еден новинар да ја претставува својата земја, а сега најмалку 91% од населението во Европа е претставувано од страна членовите на жирито.

Проширеното жирито започна со работа веднаш по завршувањето на прес-конференција со доделување на своите прелиминарни гласови за сите награди. Најголема промена во правилата на жирито за оваа година се однесуваат на минималната цена како услов еден сосема нов модел да се квалификува. Лимитот сега е почетната цена да изнесува не повеќе од 20.000 евра, без вклучени сите локални давачки.

gaa

AutoBest жирито исто така посветува внимание на напорите на автомобилската индустрија. Инвестициите, новите можности за работа за луѓето во автомобилскиот сектор, трошењето средства за зелени автомобили и технологии, како и поддршките на различни региони на Европа внимателно се следат и ценат од страна на жирито. И новите автомобилски технологии и можности за поврзување се исто така под лупа на жирито. За споменатите достигнувања тоа доделува вкупно осум награди: ManBest, CompanyBest, EcoBest, DesignBest, TechnoBest, SafetyBest, SmartBest и SportBest. Веќе се познати првите две – ManBest и SafetyBest 2015, а останатите награди ќе бидат објавени во наредниот период.

ggg

Следната година AutoBest Awards Gala манифестацијата ќе се одржи во Милано, Италија, во знак на проширувањето на жирито. Високо ценета како најважен автомобилски настан во Европа во независна организација, секоја година гала вечерта се одржува во друг град. Ова значи дека секоја европска земја застапена во жирито има можност да биде домаќин на AutoBest Awards Gala манифестацијата на секои 26 години. И секоја година овој настан ги собира заедно врвните менаџери на различни компании. Затоа и стана единствен европски настан што се одржува секоја година каде конкурентите се дружат на иста маса со големо задоволство. AutoBest Awards Gala манифестацијата еволуираше во текот на минативе 15 години од свечена вечера во истакнато место со пет ѕвездички во европски гала настан со уметничка содржина од светска класа, гурманско мени и уникатно големото финале за AutoBest наградите. Клиенти од цела Европа стапуваат во контакт со лотаријата организирана од AutoBest, преку која им се овозможува да учествуваат на гала вечерта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП