Денес еврото падна во однос на доларот, откако вчера Европската централна банка (ЕЦБ) навести за дополнителни стимулации во декември, што беше доволно за едно од најголемите намалување на европската валута во последните години.
Еврото падна до 1.1072 во однос на доларот во азиската трговија, намалувајќи се под поддршката од 1.11 од последните неколку недели. За последно еврото се тргуваше на ниво од 1.1104 долари.
Претседателот на ЕЦБ Марио Драги вчера објави дека банката проучува нови иницијативи, кои можат да бидат објавени во декември и е подготвена да ги намали каматите на депозитите уште во негативна насока.
„Пазарите очекуваа дека Драги може да разговара за продолжување на квантитативните олеснување, но тој отиде дотаму што разговараше за намалување на каматите на депозитите за комерцијалните банки. Тој рече се што може да понуди. Тоа беше како пица со се“, велат трговците на валути од една јапонска брокерска куќа.
Шокот беше доволно голем за да девалвира еврото за 2,0%, што беше втор најголем пад од 2011-та година. Во однос на британската фунта еврото падна до 72.05 пени, блиску до дното од 71.97 пени од 22-ри септември.
Според некои аналитичари, сепак се уште е рано да се каже дали еврото трајно ќе излезе од нивото 1.11-15, во кое се тргува во однос на доларот во последните неколку месеци. Сега погледот на пазарите се насочува кон средбата на Федералните резрви на САД, која е закажана за 27-28-ми октомври.