28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПренасочување на сообраќајот кај Градско, нормализиран на правецот Кочани – Каменица

Пренасочување на сообраќајот кај Градско, нормализиран на правецот Кочани – Каменица

prenasochuvanje-soobrakaj-patna-signalizacija

Поради снимање на францускиот филм „A Fond”, во петокот ќе биде затворен дел од автопатот А1, поточно делницата од Градско до Неготино, во периодот од 5 до 18 часот, а сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат со соодветна сигнализација. Истовремено од АМСМ информираат дека нормализиран е сообраќајот на патниот правец Кочани – Македонска Каменица кој поради појава на одрон се одвиваше по една коловозна лента.

Сообраќајот на сите останати државни патишта во петокот се одвива по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Градежни работи се изведуваат на неколку патни правци. До 30-ти ноември на државниот пат А3, делница Битола – Макази, фаза 1-ва од клучката кај бензинската „Лукоил“ до клучката за селото Ротино, ќе биде затворена за сообраќај, а сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат Битола – Ресен. Пренасочувањето ќе биде обележано со соодветни сообраќајни знаци, согласно на Основниот сообраќаен проект за времен режим на сообраќај.

Се работи и на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до 47+107,00 км. Се планира целосното затворање до целосно завршување на активностите (период од 2 години) на делницата, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204.

Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа: од крајот на трета лента (депонија Велес) до Лозово, и од Лозово преку Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП