4 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата се зацврсти над 48 долари

Цената на нафтата се зацврсти над 48 долари

nafta 94

Цената на барелот нафта се зацврсти денеска на светските берзи над 48 долари за барел, поттикната од техничките купувања и пренасоченото внимание од скокот на залихите на сирова нафта на падот на залихите на бензинот.

На лондонската берза цената на барелот порасна 63 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 48,48 долари. Вчера тргувањето го заврши во минус од 86 центи. На американскиот пазар со барелот денеска се тргува по 40 центи повисока цена, од 45,60 долари. Вчера го заклучи тргувањето во минус 1,09 долари.

Официјалниот извештај на американската влада го потврди остриот пад на залихите на нафта во минатата недела. Залихите на сирова нафта во минатата недела се намалиле за дури осум милиони барели. Залихите на бензин, пак, се намалени на 1,5 милиони барели, речиси двојно повеќе од што економистите очекуваа.

Извештајот ја притисна цената на нафтата пред вчерашното тргување, а денеска берзата црпи поддршка од техничките купувања, додека инвеститорите може би одлучија од почетокот да ги проучат податоците за американските залихи, напоменуваат аналитичарите.

„Во ова време на годината, би очекувале раст на залихите, а залихите на бензинот и дериватите се намалени втора недела по ред. Техниките купувачи се враќаат на пазарот. Се наоѓаме во идеално подрачје за влез на пазарот на оние кои шпекулираат со растот на цените, со оглед дека цените пораснаа од неодамнешните ниски нивоа“, забележуваат аналитичарите од  City Index.

OPEC на својата интернет страница објави дека цената на барел нејзина нафта в средата изнесувала 43,67 долари, што значи дека остана речиси непроменета во однос на претходниот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП