18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАGS: Златото ќе падне на 1.000 долари во следните 12 месеци

GS: Златото ќе падне на 1.000 долари во следните 12 месеци

zlato pracki

Златото се претставува добро во последните месеци, но тоа не ги менува негативните перспективи пред металот, според некои аналитичари.

Од американската инвестициска банка „Goldman Sachs“ предупредија дека цената на златото може да се намали до психолошката граница од 1.000 долари за унца во следните 12 месеци, пренесува „CNBC“.

Нормализацијата на монетарната политика од страна на ФЕД ќе е главна причина за поевтинувањето на благородните метали, објаснуваат уште од банката.

Жолтиот метал поскапе за близу 8% од средината на јули поради намалените очекувања за зголемување на каматите од страна на американските резерви. Во моментов златото се тргува на ниво од 1.165 долари за унца со непосредна испорака.

„Зголемувањето во физичката потрошувачка на металот во Кина во третиот квартал исто така дејствуваше на растот на неговата цена“, коментираат уште од „GS“.

Инвеститорите не треба да очекуваат поскапувањето на златото да продолжи во иднина, советуваат уште од банката. Зголемувањето на државните камати со 25 базични поени во декември е факторот кој ќе иницира поевтинување на металот, според експертите на „Goldman“.

„Нашето основно сценарио е за покачување на каматите во САД и намалување на цената на златото. Сепак има познати ризици за понатамошен раст на цената на благородните метали, ако ФЕД изненади на пазарот и го забави порастот во декември“, се вели во анализата на банката, испратена до нејзините клиенти.

Од „GS“ очекуваат цената на златото да е при нивоа, односно 1.100, 1.050 и 1.000 долари по 3, 6 и 12 месеци. Тоа би било намалување од 14% од сегашните нивоа на металот во рамките на следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП