Многу луѓе ќе се согласат дека благотворна шоља чај е лек за многу болести, но додека пиете „Bloom“ чај ќе уживате во луксуз и во префинет вкус…
Овој напиток е мешавина која содржи ливчиња од 24-каратно злато за јадење и претставува вистинско доживување за вистинските познавачи на ретките и луксузни чаеви.
„Bloom“ е една од најстарите и најпознатите компании за производство и пакување на чај, а наградувана е повеќе пати. Нивниот најнов производ доаѓа во кутија чиј дизајн е мешавина од стакло, кожа и злато, а секоја ќесичка е рачно завиткана во луксузно пакување.
Деликатно изградената мешавина се состои од ретките „Golden Monkey King“ ливчињата црн чај во комбинација со 24-каратно злато за јадење.
Одличната комбинација од редок чај и злато за јадење ќе ги воодушеви сите познавачи на луксузните чаеви и ќе претставува идеално доживување за секоја специјална прилика.