6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрилеп домаќин на првиот поштенски маратон во светот

Прилеп домаќин на првиот поштенски маратон во светот

поштари

Во Прилеп на 1 ноември за прв пат ќе биде организиран прв поштенски маратон, манифестација која има за цел промоција на поштенската дејност преку поддршка на трчањето на долги патеки и активниот начин на живот.

Идејата на овој маратон е тој да биде традиционален и неговото одржување да биде во различни градови низ светот.

Поштарите, како симбол на постојано движење низ улиците низ целиот свет, заземаат централно место во идејата на самиот маратон, прикажани преку учесниците на овој настан.

Самата програма е оформена да ги вклучува сите возрасти и во неа да можат да се вклучат сите рекреативци: Маратонска трка, Полумаратонска трка, Забавна трка oд 5 км, Детска трка од 1 км.

Генерален покровител на настанот е Македонска пошта АД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП