2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCredit Suisse најави пет илјади откази

Credit Suisse најави пет илјади откази

credit-suisse

Швајцарската банка Credit Suisse, која забележа пад на нето профитот од 24 отсто во третиот квартал, има намера да отпушти пет илјади вработени и очекува до крајот на 2018 година да заштеди три ипол милијарди франци.

Покрај ова, банката има намера преку два просеци на докапитализација да прибере шест милијарди франци.

Credit Suisse во третиот квартал забележа пад на нето профитот од 24 отсто на годишно ниво на 779 милиони франци, односно 719 милиони евра.

Истовремено, приходите од работењето се намалиле за осум отсто, поради што се планира докапитализација од 6,1 милијарди франци.

Од банката е соопштено дека првата докапитализација, вредна 1,35 милијарди франци, ќе биде резервирана за неколку институционални инвеститори, а другата во вредност од 4,7 милијарди за актуелните акционери.

Банката планира до крајот на 2018 година да заштеди три и пол милијарди франци, а во рамки на планот на штедење планирано е и отпуштање на пет илјади вработени, од што 1.400 во Швајцарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП