По успешната иницијална јавна понуда (IPO), цената на акцијата на Ferrari скокна во средата, првиот ден од тргувањето на Волстрит, за 5,8 отсто, а во еден момент беше во плус за дури 15 отсто.
Иако поради несигурната состојба на светските берзи во последните месеци пропаднаа неколку јавни понуди, понудата на Ferrari привлече голема побарувачка, па во IPO беше одредена максимална цена од 52 долари.
Големиот интерес беше потврден и во средата, кога во дебито на Волстрит цената на акцијата на италијанскиот производител на луксузни автомобили во еден момент скокна и 15 отсто, на 60 долари. Сепак, до крајот на денот добивката беше намалена на 5,8 отсто, па цената на акцијата на Ferrari го заврши тргувањето на 55 долари.
Во првиот ден од тргувањето со акциите на Ferrari на најголемата светска берза присуствуваше комплетното раководство на Fiat Chrysler Automobilesa (FCA), кој понуди на продажба 9 отсто или околу 17,2 милиони акции на Ferrari.
Кон почетокот на наредната година се очекува целосно издвојување на Ferrari од FCA, по што производителот на автомобили, познат по заштитниот знак „карактеристичното коњче“,препознатливата црвена боја на возилата и големиот број титули во трките за формула 1, ќе стане целосно самостоен.