16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на Волстрит втор ден по ред

Пад на Волстрит втор ден по ред

berzi-indeks-

Берзанските индекси на Волстрит паднаа втор ден по ред, а под најголем притисок поради падот на цената на нафтата и сировините, беа акциите во енергетскиот и рударскиот сектор.

Dow Jones ослабна 48 поени, или 0,28 отсто, на 17.168 поени, додека S&P 500 падна 0,58 отсто, на 2.108 поени, а Nasdaq се намали за 0,84 отсто, на 4.840 поени.

Најмногу вчера, за 1 отсто, паднаа цените на акциите во енергетскиот сектор, што е последица на падот на цената на нафтата по вестите дека залихите на „црното злато“ во САД значително пораснаа.

Тоа укажува на слабоста на побарувачката, а од иста причина паднаа и цените на сировините, па акциите во рударскиот сектор загубија 0,9 отсто.

„Залихите на нафта во САД прилично се зголемија, па енергетскиот сектор падна, што го притисна пазарот“, рече Баки Хелвиг, потпретседател во фондот BB&T Wealth Management.

Под притисок вчера се најде и здравствениот сектор, а најмногу, за над 19 отсто, потона цената на акциите на Valeant Pharmaceuticals, по обвинувањата дека оваа компанија користи специјализирани аптеки наменети за помош на тешко болни, со цел да ги зголеми своите приходи.

Иако Valeant ги демантираше обвинувањата, под притисок се најдоа и акциите на останатите компании, кои развиваат свои мрежи на специјализирани аптеки.

Остро, за над 5 отсто, вчера падна и цената на акцијата на Yahoo, откако интернет гигантот извести за послабите од очекувани приходи и добивки во изминатото тромесечје.

Од друга страна, благодарение на подобрите од очекувани квартални деловни резултати, цената на акцијата на General Motors, скокна за над 5 отсто, а на Boeing за над 1,5 отсто.

На европските берзи цените на акциите вчера пораснаа. Лондонски FTSE зајакна за 0,05 отсто, на 6.348 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,89 отсто, на 10.238 поени, а париски CAC 0,46 отсто, на 4.695 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП